|
Добра утакмица, греота за Брага, не заслужија да изгубат, ама тоа е тоа кога во екипа имаш играч кој се вика Роналдињо.
За оваа утакмица, најдобар според мене беше Гатусо, дечкото е заслужен за оваа победа.
Од друга страна не ми се допадна тоа што овој клуб без Кака е сосема различен, не смееме да зависиме само од еден играч, како прво и како второ на моменти изигравме многу себично и ваква игра не смее да се повтори.
И за крај, не сакам да отворам дебата, само сакам да дадам мое мислење, а тоа е од почетокот на сезоната, изминативе утакмици дојдов до заклучок, гледајќи ги преформансите на Абиати и на Дида, дека изборот на Абиати за прв голман на Милан и не е така одличен избор. Секоја утакмица Дида е се подобар и подобар и повторно ја враќа својата стара форма, но неможам и да кажам лош збор и за Абиати и он неколку утакмици по ред брани одлично и дури нема примено гол незнам колку минути. Што сакам да кажам е тоа дека Дида ми дава поголема сигурност на голот отколку Абиати.
Како и да е мора вака да се продолжи и не ни бегаат Скудетото и Уефа.
__________________
Forza MILAN il club piu titolato nel MONDO e Forza VARDAR il club piu migliore nella MACEDONIA.
FOREVER
|